„ЕЛЕМ Турс“: Жичарницата со шест седишта на Попова Шапка ќе биде готова на почетокот на јули

Жичарницата со шест седишта на Попова Шапка се очекува да се пушти во функција во првата недела од јули, откако ќе ја помине на фазата на тестирање што ја спроведува градежната компанија „Леитнер“, пишува „Порталб.мк“.

Оваа година навршуваат пет години, од кога почна ветувањето за изградба на новата жичарница со шест седишта на Попова Шапка, и по се изгледа по пет години чекање ќе стане реалност.

„Изведувачот на проектот, компанијата „Леитнер“, е во фаза на тестирање со Надзорниот одбор и кога жичарницата ќе биде подготвена, ќе нè известат. Се тестираат сите можни опции и верувам дека во првата недела од јули се ќе биде подготвено”, рече Џемаил Јусуфи, директор на „ЕЛЕМ Турс“.

Во текот на последните пет години имаше многу проблеми во реализацијата на овој проект. Иако крајниот рок за завршување на договорот, кога беше потпишан во 2014 година беше 12 месеци, но до денес тој остана недовршен.

Инаку уште од 2012 година па до денес се дискутира за бројните, но сепак исти проблеми со кои се соочува Попова Шапка, но до денес ништо не е преземено.

МЕТА

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …