ердоган

Ердоган: напад со полна сила по изборната победа

На чело на Турција и во следните пет години ќе биде Реџеп Таип Ердоган. Реизбраниот претседател уште истата вечер пред неговите приврзаници јасно најави што треба да се очекува во новиот мандат.

Уште пред да бидат избројани сите гласови, претседателот Реџеп Таип Ердоган се прогласи за победник на изборите. Пред насобраната толпа во Истанбул тој им се заблагодари на сите оние кои му овозможиле земјата да ја предводи и во следните пет години. Ердоган рече дека „до гроб” ќе биде со неговите приврзаници и зборуваше за победа на демократијата во која никој не е губитник.

Исто како и во предизборната кампања, 69-годишниот потоа ги нападна лезбејките, хомосексуалците, бисексуалните и транс-лицата со зборовите „браќа мои, нели онаа ЦХП се залага за ЛГБТ?” алудирајќи на партијата на неговиот предизвикувач Кемал Киличдароглу. Ердоган додаде дека во неговата изборна коалиција нема такво нешто.

На странските медиуми Ердоган им префрли дека креирале расположение против него и оти германски, француски и англиски весници се обиделе да го „симнат од власт”, но дека не им успеало, како што рече пред насобраните приврзаници во Анкара. „Вие ги препознавте валкните игри”, рече тој пред толпата.

Приврзеници на Реџеп Таип Ердоган ја прославуваат неговата победа на претседателските избори
Приврзеници на Реџеп Таип Ердоган ја прославуваат неговата победа на претседателските избориФотографија: Emrah Gurel/AP Photo/picture alliance

На опозицијата повторно ù префрли врски со тероризам против кои сега сака да преземе заострени мерки. Ердоган вети дека ќе ја намали силната инфлација во земјата. Економисти пак вината за ситуацијата ја гледаат токму во неговата економска политика. Според прелиминарните резултати, Ердоган  во вториот круг гласање освоил околу 52 проценти од гласовите, неговиот социјалдемократски противкандидат Киличдароглу 48 проценти. Опозицијата се здружи во уникатна коалиција од шест партии која ветуваше демократизација на земјата и цврст курс против бегалци.

Нееднакви предуслови

Ова беше шестти пат во историјата на Турција во втор круг да се решава меѓу двајца кандидати. Во првиот изборен круг исламистичко-конзервативниот претседател имаше помалку од пет проценти предност пред Киличдароглу и за малку не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство.

Киличдароглу зборуваше за најнефер избори во изминатите години. Ердоган и де факто покрај тоа што ја има контролата врз медиумите, можеше да се потпре и на државни ресурси. Освен тоа има извештаи и за нерегуларности на изборите, кои сепак ништо не би смениле на изборниот резултат.

Поразениот кандидар Кемал Киличдароглу зборуваше за најнефер избори во Турција во последно време
Поразениот кандидар Кемал Киличдароглу зборуваше за најнефер избори во Турција во последно времеФотографија: Yves Herman/REUTERS

Честитки од Путин и од Зеленски

Меѓу првите кои му честитаа на Ердоган беше рускиот претседател Владимир Путин кој Ердоган го нарече „драг пријател”, а изборниот резултат потврда на „независната надворешна политика” што ја води турскиот претседател. Имено, членката на НАТО и по рускиот напад врз Украина, негува блиски релации како со Москва така и со Киев, но и со ЕУ. Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека смета на “стратешкото партнерство” на Украина и Турција и оти се надева на зедничко јакнење на безбедноста и стабилноста во Европа.

Türkei Stichwahl l erste Ergebnisse der Präsidentschaftswahlen vor der AKP Zentrale
Фотографија: Mehmet Kacmaz/Getty Images

Честитки од Вашингтон, Брисел и Берлин

Американскиот претседател Џо Бајден во честитките не се осврна на неодамнешните тензии и на билатералните релации. “Се радувам и натаму како членки на НАТО да соработуваме на билатерални теми и глобални предизвици”, пиша Бајден на Твитер.

Релациите меѓу Анкара и Вашингтон во изминатите години многу пати беа ставени на тест. Конфликтни точки беа цврстите мерки на Анкара против критичарите, воените акции во Сирија, тесните врски на Ердоган со Путин и за време на руската инвазија, како и противењето на Анкара за зачленување на Шведска во НАТО.

И НАТО и ЕУ му честитаа на Ердоган за реизборот. Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пиша дека се радува на продолжување на соработката и на подготовките на Самитот кој во јули годинава треба да се одржи во Вилниус. На дневен ред на Самитот е турската блокада за пристапувањето на Шведска.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјавија дека сакаат да ги унапредат релациите меѓу ЕУ и Турција. „Од стратешко значење е како за ЕУ, така и за Турција да се работи на проширување на овие односи, за доброто на нашите народи”, додаде фон дер Лајен.

Германскиот канцелар Олаф Шолц пиша дека со Ердоган сака „со нов елан да ги унапредат темите од заеднички интерес”.

Претседателот на Европската народна партија во Европскиот парламент, Манфред Вебер, се изјасни за тоа да се прекине пристапниот процес со Турција за членство во ЕУ. „Изминатите години покажаа дека тесно партнерство е важно, но дека полноправно членство на Турција во ЕУ не сака никој – ниту Турција, ниту Унијата”, рече политичарот од редовите на германската ЦСУ за весниците од медиумската групација “Функе” додавајќи дека “овој процес мора да се затвори затоа што повеќе ги попречува отколку што ги поддржува добрите меѓусебни односи”.

Прочитајте повеќе

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Ќе ги оставиме Израелците да зборуваат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес …