ЕСМ и МЕПСО работат на далноводот за Маврово, електраните „Црн Дрим“ повторно поврзани

ЕСМ и МЕПСО работат на далноводот за Маврово, електраните „Црн Дрим“ повторно поврзани

По големите дефекти и прекини на далноводите во западниот и југозападниот дел на земјава, АД ЕСМ соопшти дека интензивно се работело и се работи на доведување на состојбите во нормала. Електраните на на ХЕС ,,Црн Дрим“, по санирањето на далноводите по кои ја испорачуваа струјата, повтнорно се вклучени во електроенергетскиот систем.

Поради снежните врнежи и наталожување воден и тежок снег имаше прекини на каблите и паѓање на столбови на далноводи. Екипите на ЕСМ во соработка со стручни екипи на МЕПСО работат на отстранување на дефектот на 35-киловолтниот далековод од хидроелектраната Вруток до трафостаницата Бела Вода кај Маврови Анови, меѓутоа снабдувањето на Маврово со електрична енергија тече непречено.

Исто така, двете електрани на ХЕС ,,Црн Дрим”, по санирање на далеководите од страна на екипите на МЕПСО, се повторно интегрирани и се на располагање на електросистемот, подготвени за напојување на потребните места, соопшти ЕСМ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …