ЕСМ следната недела ги презема БЕГ и Топлификација Север, парно ќе има до еден часот по полноќ

ЕСМ следната недела ги презема БЕГ и Топлификација Север, парно ќе има до еден часот по полноќ

ЕСМ следната недела официјално ќе го преземе управувањето со БЕГ и Топлификација Север. Како што информираше денеска компанијата согласно со Уредбата што вчера ја донесе Владата, АД ЕСМ ќе го преземе раководењето со БЕГ до завршувањето на кризата со снабдување со топлинска енергија. Ќе бидат преземени трите субјекти на БЕГ, Производство, Дистрибуција и Снабдување и Топлификација АД Скопје Север, во текот на претстојната недела, откако компанијата од Владата ќе ги добие потребните одлуки и задолженија за спроведување на преземањето.

„Во меѓувреме, АД ЕСМ потпиша договор со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје. Со тој договор ТЕ-ТО ќе го зголеми обемот на производство на електрична и на топлинска енергија, односно ќе работи со максимален капацитет, седум дена во неделата наместо пет дена како досега, во периодот од пет часот наутро до еден часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. Електричната енергија ќе ја презема АД ЕСМ, додека зголеменото количество топлинска енергија кое произлегува од процесот ќе се испорачува кон БЕГ и Скопје Север, односно во топлинската мрежа во градот Скопје“, се вели во соопштението од ЕСМ.

Греењето во градот Скопје нема да се исклучува во 22 часот како што беше утврдено досега, туку топлинска енергија за корисниците ќе се испорачува до еден часот по полноќ.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …