Естонец со мотор од Втората светска војна крстари низ Битола

Естонец со мотор од Втората светска војна крстари низ Битола

Битола деновиве се најде на агендата на младиот Естонец кој со мотор од 1942 година одлучи да ја помине Европа. Во мисијата не го попречи ни пандемијата со ковид -19. Вели дека подвигот го започна за да покаже дека кога се почитуваат правилата за однесување во новата реалност, може безбедно да се патува, пишува АПЛА.

Не ни се претстави велејќи дека не е важен идентитетот, туку пораката. Сепак, ни дозволи да го фотографираме.

Моторот што го возеше беше руски, на времето пред повеќе од 70 години го возеле од руската армија. Тој денес го одржува зашто е вљубеник во олдтајмери. Во Македонија дојде од Албанија, а продолжи за Грција.

Прочитајте повеќе

поточиња 2024

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен …