ЕУ-санкциите против Руската централна банка во сила, рекорден пад на рубљата

ЕУ-санкциите против Руската централна банка во сила, рекорден пад на рубљата

Европската унија ги стави во сила најавените остри санкции против Руската централна банка. Рубљата падна на рекордно ниско ниво.

Санкциите на ЕУ против Руската централна банка, кои стапија во сила во текот на ноќта, предвидуваат забрана за трансакции со банката. Освен тоа, замрзнат е и имототна банката со цел да се спречи финансирање на војната на Русија против Украина.

Државниот секретар во Канцлерамтот во Берлин, Јерг Кукис, на Твитер напиша дека сличен чекор ќе преземат и САД.

Според наводи на првиот европски дипломат, Жозеп Борел, ЕУ, заедно со другите земји од Групата 7, ќе замрзне околу половина од финансиските резерви на Руската централна банка. „Ова значително ќе го погоди финансискиот систем на Русија“, изјави Борел вчеравечер (27.02).

Конкретно, како што објаснуваат експерти, Русија, на пример, нема да може да ги користи своите големи девизни резерви за да ја стабилизира рубљата. Руската валута, која и претходно беше заслабната, во текот на ноќта падна на рекордно ниско ниво. На платформата за тргување ЕБС таа загуби речиси 42% од вредноста. Еден долар повремено се разменуваше за 119 рубљи.

Борел објаснува дека не може да бидат замрзнати сите резерви на Руската централна банка затоа што сите резерви не се чуваат во западни држави. „Не можеме да ги блокираме резервите на руската банка кои се во Москва или во Кина“, изјави тој. Русија во последно време носеше сѐ повеќе свои резерви во земји во кои тие не може да бидат блокирани.

Russland Rubel Banknoten

Руската централна банка ги зголемува каматите

Како последица на санкциите од Западот, Руската централна банка денеска ја зголеми основната каматна стапка од 9,5% на 20%. Шефицата на банката, Елвира Набиулина за мерките кои се преземаат денеска ќе зборува на прес-конференција. Повисоките камати би можеле да помогнат за стабилизирање на курсот на рубљата и за сопирање на инфлацијата, но ги прават поскапи кредитите, како на пример оние за инвестиции.

– повеќе: Колку се навистина тешки санкциите против Русија?

Освен тоа, на трговците со хартии од вредност им е забрането да продаваат руски хартии од вредност на странци, соопшти Руската централна банка. Таа, поради одлуката за исклучување на руските банки од Свифт, уште вчера им вети поддршка на банките. Има доволно капитал и ликвидност за непречено функционирање во секаква ситуација, уверува Руската централна банка.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Тевдовски, Узунов, Беџети, Бишев

Економски експерти со предлог решенија и политики за нов концепт на водење на економијата во државата

Вчера, се одржа јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“ кадешто се разговараше за нов концепт …