ЕУ: Во сила новиот закон против пластика за една употреба

ЕУ: Во сила новиот закон против пластика за една употреба

Во ЕУ денеска стапува во сила новиот закон за пакувања, со кој се става крај на пластичните производи за една употреба.

Во Германија и другите членки на ЕУ од денеска (3.07.2021) треба да почнат да исчезнуваат производите од пластика за една употреба. Со новиот закон за пакувања би требало да се намали количеството на пластичен отпад. Меѓу другото, со законот се опфатени прибор за јадење од пластика, чинии од пластика, сламки, чаши, вклучително и капачиња за чаши, чепкалки за уши и пластични држачи за балони. Освен тоа, забраната важи и за пакувања за храна за носење од стиропор, како и чаши од стиропор.

Трговците сега се обврзани да се префрлат на продажба на вакви производи од материјали кои може да се рециклираат, како стакло или метал. Сепак, она што трговците веќе го имаат набавено од пластичните производи за една употреба и е складирано во нивните магацини, може да се продава додека не се потроши.

Законот дозволува натамошна употреба на влажни марамчиња, влошки, тампони и производи од тутун со филтер, но тие во иднина треба на пакувањето или на самиот продукт да имаат и информации за содржината, како и да биде наведено какви последици за животната средина би имало неправилно постапување по нивната употреба.

Einweg-Geschirr ohne Plastik Прибор за јадење од дрво – една од алтернативите за пластиката

Германската министерка за екологија Сенја Шулце ги поздрави новите правила во Германија и ЕУ и оцени дека „забраната наскоро ќе доведе до подобри, поиновативни ипоеколошки производи и решенија“.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …