германија германско знаме

ЕУобсервер: Германија се извини на Скопје за бугарското фијаско

Под насловот „Германија се извини на Скопје за бугарското фијаско“ влијателниот ЕУобсервер, објави текст во кој го претставува македонско-бугарскиот спор и блокадата од страна на Бугарија на македонските евро-интеграциски процеси.

Текстот на ЕУобсервер ги изнесува реакциите на Германија и на ЕУ по потегот на Бугарија да не ја прифати преговарачката рамка за Северна Македонија.

„Станува збор за една земја, само една земја, која не беше подготвена да се согласи за преговарачката рамка. Сигурен сум дека можете да го почувствувате моето лично разочарување. Јас, германскиот министер за надворешни работи и германската канцеларка бевме многу посветени на овој процес. Сè друго освен скорешен состанок на меѓувладината конференција ќе биде многу сериозно политичка грешка, на сметка на стабилноста и безбедноста во Западен Балкан, а тоа на крајот во голема мерка ќе ја загрози безбедноста на Европа во целост – и сите треба да бидеме свесник за тоа“, рече Михаел Рот, германскиот министер за ЕУ прашања, во Брисел во вторникот , по разговорите со неговите 26 колеги од ЕУ, пренесува ЕУобсервер, кој ја изнесува и јавната порака од повеќе европарламентарци од различни партии, коишто се занимаваат со Западниот Балкан.

„Бугарија треба да го одобри отворањето на меѓувладината конференција со Северна Македонија најбргу што може. Сегашната блокада го загрозува кредибилитетот на еу во Западен Балкан и ја намалува трансформациската сила и влијанието на ЕУ во регионот“, порачаа тие.

Изнесувајќи го развојот на настаните во последните месеци, ЕУобсервер пренесува дека некои дипломати во Брисел шпекулирале дека забелешките на Софија се со предизборна цел, и ќе исчезнат во новата година. Сепак, други ЕУ дипломати веруваат дека Бугарија ќе продолжи да се бори за отстапки, што би било политичко самоубиство за Зоран Заев ако ги прифати, што значи дека ветото ќе стане, пишува медиумот.

„Ова ја засилува можноста дека Северна Македонија ќе почне да назадува во своите ЕУ-реформи со тек на време, додека вербата на народот во ЕУ бледнее. А, враќањето на „Груевизмот“ во Скопје може да почне негативен домино-ефект на Западен Балкан, каде Европа се бори со Русија за влијание“, пишува ЕУобсервер.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …