„Еурокомпозит“ деновиве ќе обезбеди пари за плата и рата за отпремнина

Со првиот прилив на пари на сметката од „Еурокомпозит“, прилепската фабрика за наменско производство за потребите на одбраната и безбедноста на државата, ќе биде исплатена плата за 75 вработените и една рата отпремнина за 154 поранешни вработени, коишто заклучно со 12 декември, минатата година се прогласени за технолошки вишок и пријавени во Агенцијата за вработување. Директорот на „Еурокомпозит“, Златко Граороски, истакнува дека по испорака на договорените количества производи во МВР, средствата ќе легнат на сметката на фабриката, а потоа ќе се изврши исплата на плата, набавка на репроматеријали, неопходни за непречена работа и исплата на рата за отпремнина.

„Заедно со Владата, со МВР вложуваме интензивни напори, за целосна консолидација на фабриката. Во тој контекст по реализација на оваа втора испорака,ќе им биде исплатен дел од отпреминатата на поранешните вработени, и плата за 75-те вработени. Моја заложба е паралелно со исплата на секоја плата, да исплаќаме рата од отпремнината. Во тек се преговори со нов странски партнер, со што би се ангажирал поголем дел од производствените капацитети на фабриката, а зголемениот прилив на средства, секако ќе придонесе и за побрза исплата на отпреминатата“, акцентира директорот Граороски.

Дел од поранешните вработени денеска протестираа пред Општина Прилеп, иако Општината нема ингеренции за решавање на овие децениски проблеми на граѓаните.

Поранешните вработени прогласени за технолошки вишок, бараат што поскоро исплата на отпреминатата во висина од 90.000 денари.

„Исплатени ни се 25.000, бараме побрзо исплата на другите пари, зашто сите ние живееме со минимални средства. Бараме исплата и на заостанатите придонеси од 01.06.2012 година, бидејќи оттогаш не ни беа плаќани придонесите за ПИОМ“, велат претставници на Иницијативниот одбор на поранешните вработени.

Проблемите во „Еурокомпозит“ не беа решавани со години. Од доаѓањето на новата Влада и со доаѓањето на новиот директор Граороски, со заложбите на надлежните остварено е барањето на вработените за прогласување на технолошки вишок. Се вложуваат напори за исплата на плати и доплата на отпреминината, а паралелно се работи на отворање на нови пазари, склучување нови договори со домашни и странски партнери со цел, да се дојде и до конечно решение на статусот на фабриката.

„Со поддршка на централната власт, сукцесивно ги решавање напластените проблеми, коишто со години не биле ставани на дневен ред“, заклучно директорот Граороски.

нови пазари со цел што поголема искористеност на производните капацитети на фабриката. Со зголемен прилив на средства секако дека ќе може што поскоро да се решат децениските проблеми во фабриката коишто ги затекнав со моето именување за директор“, акцентира Граороски.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …