Еуросупер БС-98 од ноќеска поевтинува за два денара за литар

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 од ноќеска се намалува за два денара за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Цените на Еуросупер БС-95, Еуродизел (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство  и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Од полноќ, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 94 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 останува 93,5 денари за литар, додека Еуродизел и понатаму ќе се продава по цена од 93 денари за литар.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …