Евакуација од опколената челичарница: Од Азовстал извадени 264 украински борци

Од опколената челичарница во Мариупол, според украински наводи, се евакуирани 264 украински борци. Меѓу нив и 53-ца тешко повредени.

По повеќенеделна блокада, 264 украински војници ја напуштија челичарницата Азовстал во Мариупол. Меѓу нив и 53-ца тешко повредени, соопшти украинскиот Генералштаб на Фејсбук. Како што се вели, 211 други украински борци биле однесени во местото Оленивка, кое е окупирано од руски трупи. Тие подоцна би требало да се вратат по пат на размена на заробеници.

Тешко повредените борци се транспортирани во градот Новоазовск. И натаму се работи на евакуација на останатите бранители на челичарницата Азовстал. „Благодарение на бранителите на Мариупол, добивме критично важно време за да формираме резерви, да прераспоредиме сили и да добиеме помош од нашите партнери“, напиша заменик-министерката за одбрана Хана Маљар на Фејсбук.

Зеленски: Хероите ни се потребни живи

Од украинска страна се вели дека биле исполнети сите задачи за одбрана на Мариупол и дека сега е најважно да се зачуваат животите на бранителите на Мариупол.

„Се надеваме дека ќе можеме да ги спасиме животите на нашите момчиња“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака. „Сакам да подвлечам: украинските херои ѝ се потребни живи на Украина. Тоа е нашиот принцип.“

Ukraine Nowoasowsk | Ankunft Busse mit Ukrainischen Soldaten aus dem Stahlwerk AsowstalПовредени украински борци од Азовстал пристигнуваат во Новоазовск (16.05.2022)

Подоцна за збор се јави и ултранационалистичкиот полк Азов. Евакуацијата на борците значи крај на мисијата, објасни командантот Денис Прокопенко. „Во војна не постојат апсолутно сигурни планови и операции“, оцени тој, додавајќки дека биле земени предвид сите ризици и дека треба да се спасат што е можно повеќе борци.

Руското Министерство за одбрана претходно објави прекин на огнот во Мариупол со цел да се извлечат повредените украински војници од челичарницата. Москва, како што се вели, како цел на акцијата на евакуација го определила „медицинските установи“ во Новоазовск.

Долги преговори за евакуација

Пристанишниот град Мариупол беше опколен веднаш по руската инвазија во февруари. Руските трупи постепено ја презедоа контролата, но последните украински бранители на градот се собраа во огромната челичарница со неколку подземни катови. Руските војници не ризикуваа обид за упад, туку ги блокираа сите влезови. Стотици цивили веќе беа евакуирани од просториите на фабриката во изминатите неколку дена. Околу повлекувањето на делумно тешко повредените војници, кои речиси немаа резерви на храна и вода, се водеа долги преговори.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …