Притисоците кои врз јавната администрација ги врши владејачката ВМРО-ДПМНЕ одамна се јавна тајна и нешто што е нотирано и во извештаите на Европската комисија и многу други релевантни домашни и меѓународни институции.

Освен неизбежните списоци со имиња на 20 или повеќе гласачи, по можност неопределени или опозициски настроени, директиви од месните комитети за обезбедување на потребниот кворум стигнуваат и при секоја партиска „игранка“ на најголемата владејачка партија.

Така беше и при последното одење во Скопје кон крајот на минатиот месец. Еве на каков начин Снеже, Горде, Здравка, Марга, Камелија, директорот и останатото друштво се организира за патот во метрополата…