омикрон ковид-19

Евидентирани 1.197 нови ковид-случаи, кај деветмина е детектиран омикрон

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на ковид. Вкупно 766 лица од новозаразените се од Скопје.

Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани.

Регистрирани се и 366 оздравени лица, а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица –  по три починати лица од Скопје (на 55 годишна возраст, на 82 годишна возраст како и на 88 годишна возраст) и Битола (на 60 годишна возраст, 69 годишна возраст и на 90 годишна возратс), две лица од Охрид (68 години и 79 години) и по едно починато лице од Прилеп (68 години), Велес (68 години), Валандово (41 година) и Струга (88 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

„Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на ковид. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667“, информираат во Министерството за здравство.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …