Еврокомесарката Кос изрази загриженост за инцидентите во српскиот парламент

Еврокомесарката Кос изрази загриженост за инцидентите во српскиот парламент

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази загриженост за инцидентите во српскиот парламент.

„Многу сме загрижени поради нарушувањето на работата на парламентот и насилството во српскиот парламент. Парламентот мора да биде место за демократска дебата во интерес на сите граѓани и мора целосно да ја одигра својата улога“, изјави Кос на мрежата Х.

Таа потсети дека институциите на Европската Унија постојано повикуваат на деескалација на тензиите, преку воспоставување услови за инклузивен дијалог во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни, вклучително и политичките актери, институциите и членовите на граѓанското општество, со цел да се решат реформите неопходни за иднината на Србија во ЕУ.

Таа оцени дека последните случувања во Србија насочени кон граѓанските организации се многу загрижувачки.

Инаку, српскиот парламент, чија пролетна седница започна со инциденти, денеска продолжи со работа без присуство на опозицијата.

Прва точка на дневен ред се измените на Законот за високо образование.

Во салата се присутни 123 од 250 пратеници.

Димни бомби во собраниската сала го означија почетокот на редовната пролетна седница на српскиот парламент на 4 март. Пратениците од опозицијата фрлаа огномет, обвинувајќи ја владата дека нема легитимитет да донесува закони по оставката на премиерот.

Инцидентите започнаа кога владејачкото мнозинство, со противење од опозицијата, усвои агенда во која беа опфатени десетици законски предлози.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Битиќи

Битиќи: Владата не враќа ДДВ, не исплаќа плати и енормно се задолжува кај домашните банки

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 предупреди на …