Северна Македонија има уште многу работа во насока на унапредување на половата еднаквост, ова е констатирано во последниот Извештај на Европската комисија, за 2022 година за напредокот на Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат. Извештајот ги истакнува недостатоците, односно каде земјата треба да направи поголем напредок, како и точките каде што Северна Македонија има напредок. Во продолжениe, Порталб.мк нуди една илустрација за тоа што вели овој извештај за половата еднаквост во државата.
Извештајот на Европската комисија (ЕК) истакнува дека од посебна важност е применување на сите одредби од Законот за превенција и заштита од насилството врз жените и семејното насилство. Може да се забележат постојани подобрувања во половата интеграција и почитувањето на правата на жените, но треба да се подобри спроведувањето на националниот план за дејствува врз основа на 6-те одредби на Истанбулската Конвенција.
Во него се истакнува дека Министерството за труд и социјална политика продолжува да инвестира во услугите за заедниците, вклучувајќи ја и поддршката за жртвите на насилство врз родова основа.
Жените сѐ уште се помалку застапени во донесувањето на одлуки во јавни институции.
„Според регистарот на вработените во јавниот сектор, кој не ги опфаќа вработените во институциите како армијата и агенциите за спроведување на законите, во декември 2021 година, 55,3 отсто од сите вработени во јавниот сектор биле жени. Меѓутоа, жените се многу помалку застапени на високи управувачки позиции, односно во јуни 2022 година тие опфаќаат само 14 отсто од раководниот кадар“, се вели во извештајот.
Извештајот истакнува дека Собранието треба да именува пет заменици на народниот правобранител.
Исто така се истакнува дека треба да се подобри и соработката со невладините организации.
Извештајот има критики и за медиумите, при што напишано е дека се потребни дополнителни мерки за да се промовира родовата еднаквост во медиумската индустрија.
Според извештајот на ЕК, Комисијата за превенција и заштита од дискриминацијата се соочила со големи предизвици, од кои посебно се истакнува намалувањето на административниот персонал како последица на кратењето на буџетот, а според цивилното општество, новиот состав имал недостатоци по однос на половиот диверзитет.
Во извештајот се вели дека е направен некаков напредок по однос на родовата еднаквост со развивање на една нормативна рамка за приближување до Истанбулската Конвенција и една политичка рамка за интегрирање на половите перспективи и приближување на националниот закон со Аквис-от на ЕУ за родовата еднаквост.
„Со усвојување на Националната Стратегија за родовата еднаквост 2021-2026, во јули 2022 се постигна добар напредок кон создавање на ефективен систем за половата интеграција. Меѓутоа, усвојувањето на предлог законот за половата еднаквост е сеуште на чекање. Потребно е зајакнување на интеринституционалните механизми создадени за да ги применуваат и мониторираат политиките што ја промовираат половата еднаквост, преку подобрување на организациските аранжмани, зголемување на техничкиот капацитет, буџетот и обучените професионалци според меѓународните стандарди“, се вели во извештајот.
Министерството за правда има потреба да изврши измени во Кривичниот законик за да се обезбеди целосна заштита за жртвите на сите видови на насилство, вклучувајќи го и фемицидот.
Услугите за жртвите на насилство врз полова основа треба да се прошират и потребен е соодветен буџет за да се исполнат стандардите на Истанбулската конвенција, вклучувајќи го и овозможувањето на пристап за жените со посебни потреби и почитувањето на разни културни, етнички и верски фактори кога се пријавува насилство. На земјава ѝ недостасуваат јасни интеринституционални протоколи, на полицијата и здравствените работници им недостасуваат капацитети за целосно оценување на последиците од насилството и за преземање на соодветни мерки“, дава до знаење извештајот.
Буџетот на државава им дава поддршка само на петте функционални постоечки засолништа, на еден кризен центар и три центри за жртвите на сексуалното насилство.
„Овозможувањето на психо-социјални и други превентивни услуги останува некоординирано и зависно единствено од финансирањето од локалната самоуправа, странските донатори и бизнис заедницата. Специјализирана екипа 24/7 за итна заштита на вулнерабилните групи функционира само во главниот град. Поради преоптовареност на здравствениот систем за време на пандемијата, недостатокот на соодветно обучен персонал и ограничениот број на засолништа, жртвите на половото и семејното насилство се соочиле со сериозни предизвици за пристап до здравствените услуги“, се истакнува во извештајот.
Во март 2022 година, Министерството за труд и социјална политика отвори изворен центар за создавање политики и одговорно полово буџетирање за да се зголеми капацитетот на јавната администрација за применување на мерките поврзани со Директивата на ЕУ 2006/54/КЕ за спроведување на начелото на еднакви можности и еднаков третман меѓу мажите и жените во постапките за вработување и професија и ја вклучува половата интеграција во планирањето, програмирањето и институционалните дејствија.
„Меѓутоа, на администрацијата ѝ недостасува соодветното стратешко планирање и буџетски средства, што ги ограничува можностите за ефективна полова интеграција во создавањето на политиките и интеграцијата на половата перспектива во секторскиот дијалог и во менаџирањето на јавните финанции“, се вели во извештајот на ЕК.
Недостигот на доверливи податоци поделени според полот по сектори создава важни ограничувања за развивање на политиките и мерките спроведени во нив.
„Првиот Национален индекс за половата еднаквост беше објавен во 2019 година, но не е ажуриран. Собирањето и анализата на половите статистики бара зголемување на капацитетите на соодветните институции и подобрување на институционалната координација.“
Според извештајот, празнините и половите стереотипи и понатаму се очигледни во јавниот и политичкиот живот.
Во Извештајот се потенцира дека сѐ уште има празнини во соодветната законска рамка, бидејќи Кривичниот законик и позитивната соодветна легислатива сѐ уште не се хармонизирани со Истанбулската конвенција. Следењето на случаите на силувања и семејно насилство од страна на институциите треба да се подобри со јасни интеринституционални протоколи и стандардизирани услуги за реинтеграција на жртвите“, истакнува извештајот.
„Потребно е да се прошири правната едукација што им се нуди на судиите и јавните обвинители за прашања како што е дискриминацијата по основ на попреченост, родовото и сексуалното насилство врз жените и насилството врз деца“, се наведува во извештајот.
Во продолжение пишува дека промоцијата на половата еднаквост и казнувањето на говорот на омраза, злосторствата од омраза и недостатокот на толеранција за лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, транссексуалците, интерсексуалците и квир-овите (LGBTIQ) треба да биде систематско.
„Иако постои една законска рамка која штити од дискриминацијата и злосторствата од омраза поради сексуалната ориентација и половиот идентитет, спроведувањето на овие закони сѐ уште е предизвик. По една одлука на Европскиот суд за човекови права (Јануари 2019), властите подготвија измени во законот за матичната евиденција за да се донесе законска постапка за признавање на полот. Меѓутоа, предлог-законот се повлече од собраниска постапка во март 2022 година за дополнителни измени. Законската рамка не дозволува официјално признавање на парови од истиот пол“, се вели во извештајот.
Недостатокот на систематско собирање податоци за злосторствата од омраза врз основа на сексуалната ориентација и половиот идентитет и нивното неефективно следење од страна на властите останува сериозно прашање.
Што се однесува до еднаквоста меѓу жените и мажите при вработување и социјални политики, се забележува голем полов јаз во пазарот на трудот. Така, во 2021 година, степенот на вработување беше 64,3 отсто кај мажите, во споредба со 45,5 отсто кај жените.
Податоците за инциденти на сексуално вознемирување на работното место или систем за нивно истражување не се достапни.
Меѓу другото се истакнува дека се бара дополнително зголемување на капацитетите особено во урбаните средини. Како половите стереотипи, така и половиот ендек на платите продолжуваат да се присутни во земјава.
Инаку, Ивештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија на патот кон евроинтеграциите беше објавен на 12 октомври пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.
Целосниот извештај можете да го прочитате тука.
Извор: МЕТА