Европски избори со гласачко ливче од еден метар

Европски избори со гласачко ливче од еден метар

Европските избори во Германија почнаа, а право на глас имаат над 65 милиони избирачи. Гласачкото ливче е долго речиси еден метар.

Германските избирачи денеска ќе донесат одлука кој ќе ги претставува во Европскиот парламент. Германија има 96 места во ЕП.

Гласачкото ливче е долго речиси еден метар. На него стојат 41 партија и политички здруженија. Тие се наредени според резултатите што ги постигнале на претходните европски избори, а потоа доаѓаат партии и здруженија кои тогаш не учествувале на изборите. Притоа, шанси за влез во ЕП имаат сите, дури и најмалите партии, затоа што во Германија за овие избори нема цензус. Така е и во 12 други земји на ЕУ. Во 15 земји на Унијата постои цензус, кој е најнизок во Кипар – 1,8%, а највисок во Франција, Полска, Чешка и Унгарија – 5%.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Ќе ги оставиме Израелците да зборуваат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес …