Европски Прилеп со зголемена грижа за старите лица и бездомниците

Европски Прилеп со зголемена грижа за старите лица и бездомниците

„Верувам дека само со соработка на локалната самоуправа и централната власт, може да ги подобриме условите во сите институции, вклучително и институциите за стари лица. И очекувам дека тоа во наредниот период, ќе биде сработено“, рече министерката Мила Царовска, при денешната посета на Прилеп.

Според неа, треба да се стави акцент на грижата за стари лица, како една група граѓани, коишто беа заборавени во минатиот период.

„Ниту се градеа старски домови, ниту пензионерските домови се реконструираа во доволен број. Токму затоа сакам да ги посетам домот за стари лица во Прилеп, да го видам менаџментот на самата институција. Но, и да се видам со луѓето, што се сместени таму, за да ги кажат своите проблеми, она што треба, сите ние заедно да го направиме“, потенцираше министерката Царовска.

Европски Прилеп со зголемена грижа за старите лица и бездомницитеПри посета на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп, попладнево,таа разговараше со штитениците на домот. Министерката Царовска во придружба на директорот на домот Кристијан Пилиќев, градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Советот, Миле Талевски, пратениците Кети Смилеска и Хари Локвенец, како и други советници и претставници на граѓански здруженија, поразговараа речиси со сите штитеници на домот во Прилеп. Ги слушнаа нивните рамислувања и впечатоци за условите во домот.

Оцените се дека треба и натаму да се работи на подобрување на условите во домот. Со пристапот на Македонија кон ЕУ, според ставените акценти на денешната средба, впрочем се отвораат можности и услови преку фондовите на ЕУ, да се подобрат и условите во оваа и други институции за згрижување на старите лица.

Градоначалникот Јованоски со надлежните општински служби, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа-Прилеп и НВО „Ајде Македонија“, ги започнуваат активностите за подолема грижа за бездомните лица, преку платформата „Сите сити“.

„Но, моите заложби се што поскоро да создадеме услови и за времено згрижување на бедомните лица. Нема да дозволиме граѓаните кои немаат дом, кои немаат кој да се грижи за нив, да бидат оставени на улица, без храна и облека“, акцентира градоначалникот Јованоски.

Во МЦСР се преземаат активности за точно утврдување на бројот на граѓани поединци и семејства, коишто ќе бидат вклучени во проектот „Сите сити“, со што ќе добиваат бесплатен оброк, т.е. храна секој ден.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …