Европскиот парламент ја почнува пленарната седница

Европскиот парламент ја почнува пленарната седница

Денеска почнува пленарната седница на Европскиот парламент која е предвидено да трае до 11 февруари. Се очекува европратениците да ја повторат поддршката за обединетиот пристап на ЕУ кон вакцините КОВИД-19. Тие, исто така, веројатно ќе предизвикаат загриженост во врска со доцнењето во испораката на вакцини, договорите и транспарентноста на податоците, како и неодамна договорениот систем за одобрување извоз на вакцини против ковид-19. Утре европратениците ќе разговараат со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, за политичките превирања во Русија, вклучувајќи го случајот со Алексеј Навални и протестите низ целата земја.

Европратениците ќе разговараат за врската помеѓу новите медиуми, политиката и слободата на говорот, по неодамнешните случувања од двете страни на Атлантикот. Тие треба да размислат како да се избегнат стапиците создадени со дигитализацијата на политиката, имено потребата да се брани демократијата од дезинформации и напори за нејзино субверзирање или поттикнување насилство, без да се загрози слободата на говорот или технолошките иновации во политичкиот дискурс. Парламентот ќе расправа и ќе гласа за Обновувањето и еластичноста, наменета да им помогне на земјите од ЕУ да ги ублажат економските и социјалните последици од ковид-19. Со достапни грантови и заеми од 672,5 милијарди евра, тоа е досега најголемиот финансиски пакет на ЕУ.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …