Европските лидери не донесоа одлука за датумот, Самитот продолжува и денеска

Европските лидери не донесоа одлука за одредување на датум за преговори со ЕУ за Македонија и Албанија. Тие за кратко време ја затвориле темата за проширувањето, без да се донесе конечен заклучок.

Според пишувањата на европските медиуми, донесувањето на одлуката било одложено за шест месеци, а Франција ќе побара да се воведе нова методологија и потврда за исполнување реформите.

Пред почетокот на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека сè уште има земји членки кои се скептични во поглед на прашањето за отварање на пристапни преговори со Македонија и Албанија.

„Не сум сигурен. Многу е тешко да се најде решение кое ќе ги задоволи сите земји членки. Направив се за да ги поддржам Македонија и Абанија, но сè уште имаме земји-членки кои се скептични кога станува збор за отворање преговори“, изјави Туск.

Самитот на ЕУ продолжува и денеска, но неизвесно е дали лидерите повторно ќе се навратат на темата за проширувањето на Унијата. Некои од државите кои го поддржуваат процесот проценуваат дека во вакви околности е подобро Самитот да заврши без заклучок.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …