македонската репрезентација во спортски танци

Европско злато и сребро за македонската репрезентација во спортски танци (ГАЛЕРИЈА)

На европското првенство во спортски танци кое на 4-ти октомври се одржа во Белград, репрезентацијата на Северна Македонија во категоријата возрасни и дисциплината Choreographic Latin на WDSF European Dancesport Championship Latin & International Open Standard, го освои второто место, додека во категоријата JUNIOR 2 младите македонски натпреварувачки се искачија на највисокото место на пиедесталот.

Во силна конкуренција, македонската репрезентација беше подобра од актуелните светски шампиони, репрезентацијата на Шпанија, како и од третопласираните од последното Светско првенство, репрезентацијата на Германија.

Под стручниот надзор на Јагода Димовска, боите на македонската репрезентација ги бранеа Зорица Симјановска, Тамара Панова, Maja Крстевска, Мила Димовска и Софија Богевска.

Македонските репрезентативки ги освоија симпатиите како на пошироката јавност, така и на сите учеснички на Европското првенство, заради што пристигнаа покани за учество на престижни натпреварувања од светски ранг.

Истовремено, во категоријата JUNIOR 2 и дисциплината Choreographic Latin во Белград WDSF European Dancesport Championship Latin & International Open Standard, репрезентацијата на Македонија во спортски танц се искачи чекор погоре и во финалето го освои златниот медал.

Со златен медал се закитија младите репрезентативки Ана Талевска, Анастазија Петковска, Антонија Гајтановска, Бојана Бејковска, Вања Атлагиќ, Јована Крајческа, Катја Козарова, Меланија Паневска и Никита Ангеловски.

Прочитајте повеќе

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

Со новиот Закон за високо образование премиерот ќе ги задржува младите дома, студентите со критики

На прес-конференција за Предлог-законот за високо образование, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека образованието со години …