Евротим не смее да го продава неквалитетниот мазут

Евротим не смее да го продава неквалитетниот мазут

Компанијата Евротим од Кичево доби забрана да го продава мазутот кој бил затекнат во нивниот склад во Ресен, оти резултатите од земени мостри покажале дека во мазутот има повисоки вредности на вода и пепел од дозволеното. Поради отстапувања на квалитетот на производот Државниот пазарен инспекторат донесе решени дека затекнатиот мазут не смее да се продава.

ДПИ уште при првичните контроли на компанијата „Евротим ДООЕЛ Кичево “ и изрече Решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут, затоа што тогаш кај две цистерни на компанијата, беа утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот, што оваа компанија го увезува.

Државните институции започнаа засилени контроли на увозот и дистрибуцијата на мазут, откако излезе истражувањето на ИРЛ, „Заговор против воздухот“, кое покажа дека во Македонија се увезувал сомнителен мазут со лош квалитет кој го загадува воздухот.

„По зададените владини задолженија, сите надлежни институции навреме, во рамки на дадените рокови, доставија информации, секој во согласност на надлежностите. Целата документација, со сите наоди од надлежните институции, веќе се доставени во Основното јавно обвинителство Скопје, за понатамошно процесуирање и постапување согласно нивните надлежности“, стои во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот за борба со корупцијата.

Пред два дена вицепремиерот Љупчо Николовски соопшти дека две компании добија забрана за работа, забрана за пуштање во промет на мазут и има предлог за одземање на лиценци, а на седум фирми им се изречени прекршочни казни од над 55 илјади евра за пуштање во промет на мазут кој не ги задоволува стандардите.

Прочитајте повеќе

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Наместо реформи гледаме бртална партизација …