Фајон: Срамота е, Макрон, разбуди се!

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон остро реагираше на одлуката на Франција да го блокира започнувањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија.

„Голем срам е“, напиша Фајон на Фејсбук, објавувајќи фотографија со македонскиот премиер Заев.

Емануел Макрон, разбуди се! Време е ЕУ да покаже политичка зрелост и одговорност! Лидерите на овие земји ги завршија своите должности! Сега е време Советот на Европската унија да го заврши својот дел и конечно да се согласи за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“, пишува Фајон. Тања Фајон успеа да обезбеди уште еден петгодишен мандат во мај во Европскиот парламент, со што Косово го задржа известувачот во ЕП.

Извор: Алсат

Прочитајте повеќе

Партиите договорија датум за избори: на 24 април прв круг претседателски, на 8 мај парламентарни и втор круг претседателски избори

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, даде изјава по лидерската средба што се одржа на негова …