Фалсификуван потписот на Државниот секретар на МВР - нов обид за ширење паника и вознемиреност кај граѓаните

Фалсификуван потписот на Државниот секретар на МВР – нов обид за ширење паника и вознемиреност кај граѓаните

Ширењето лажни вести и сеењето паника меѓу граѓаните зема се’ поголем замав. Покрај медиумите блиски на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои се активно вклучени во дезинформирањето на јавноста преку фабрикување лажни вести, во функција се ставени и други, засега, непознати центри.

Имено, Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска, информира дека преку електронската пошта циркулира фалсификуван допис со, наводно, нејзин потпис.

Станува збор за лажно известување испратено до граѓани, со кое тие се повикуваат да се јават во полиција во врска со некаква „тековна истрага“.

„Ве известувам дека преку електронската пошта циркулира фалсификуван допис. Истиот не е ниту испратен, ниту потпишан од мене, како Државен секретар на МВР. Се работи за груб фалсифкат со цел да предизвика вознемиреност кај граѓаните“, вели Магдалена Несторовска, Државен секретар во МВР.

Прашањето кое граѓаните се’ почесто го поставуваат гласи: Дали со седнувањето на Наќе Чулев во министерската фотелја, повторно се инсталира добро познатиот систем МВРО-ВМРО?

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …