ФЕИТ ги очекува новите бруцоши

ФЕИТ ги очекува новите бруцоши

Факултетот за електротехника и информациски технологии е подготвен во учебната 2018/2019 година да прими вкупно 660 студенти на седум различни студиски програми, од кои 440 во државна квота.

Во последниве неколку години, во првиот уписен рок на ФЕИТ, се запишуваат над 300 студенти. Досегашната статистика на ФЕИТ вели дека интересот за сите седум студиски програми е подеднаков и студентите се запишуваат на посакуваната студиска програма во државна квота.

„ФЕИТ во своите студиски програми става особен акцент на најмодерните технологии во светот денес, како што се обновливи извори на енергија, начини за реискористување на енергијата, проектирање на современи ИКТ системи и нивна примена во различни домени, напредни мрежни системи (5G), Internet-of-Things (IoT), вгнездени компјутерски системи, роботика и автоматизација и развој на ИКТ сервиси и апликации за потребите на различни сектори. Истовремено, ФЕИТ поддржува поголемо практично искуство на своите студенти преку барања за практична работа во рамките на голем број од своите предмети. Во таа насока и новоотворениот Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ (http://inno.feit.ukim.edu.mk) им стои на располагање на сите сегашни и идни студенти на ФЕИТ за реализација на пракса, работа на практични семинарски работи и стекнување големо практично искуство во соработка со индустријата во текот на студирањето“, вели деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски.

Пријавувањето во првиот уписен рок на ФЕИТ е на 30 и 31.8.2018 година во просториите на факултетот (Руѓер Бошковиќ 18, 1000 Скопје). Пред поднесувањето документи за упис, кандидатите задолжително ги пополнувааат електронски податоците преку online порталот за идни студенти на универзитетот УКИМ www.upisi.ukim.mk.

Сите дополнителни детали околу уписите и студиските програми на ФЕИТ може да се најдат на:

http://feit.ukim.edu.mk/fakultet/upisi/upisi-2018/upisi-2018

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …