Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

Постов на Миле ме инспирира да напишам нешто. Никогаш не пишувам долги текстови ама ете, некако ми дојде да си кажам нешто контра долгогодишната пропаганда на Мацко и компанија.
Кога Мацко почнуваше со првиот мандат, бандитски си ги приграби сите проекти, започнати од градоначалникот Сашо Пирганоски како негови идејни проекти. Уредувањето на плоштадот, проектот за „Градска куќа“, ЈП за ПУП, го узурпира Пиво Фест од организаторите…
Кога Мацко вели дека дваесет, триесет години никој не инвестирал во Прилеп, заборава дека од осамостојувањето до сега, СДСМ имаше само еден градоначалник кој што мораше да работи со ништо!
Мораше да работи со блокирана сметка, подарок од претходникот од дРпне.
Пирганоски реализираше проекти со странски донации кои за претходниците од ДПМНЕ беа научна фантастика. За жал, Мацко ја имаше невидената среќа со него да започне децентрализацијата на општините и потполната промена на начинот на кој се финансираат општините. Буквално како што би рекле старите: му падна секирата во медот. Кратка е меморијата на прилепчани. Заборавија како беше и како почна се. Се надевам барем дека не ги заборавија бомбите кај што го видоа вистинското лице на Марјан Ристески и пајташите.
Доста беше. Време е Прилеп да избере кадарен градоначалник.

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот