Тоа што нема да ме убие, ме прави посилен!
Слободата на говор и правото на слободно изразување, не се освојуваат еднаш засекогаш, ниту пак се добиваат на поклон. Борбата за нив е вечна. Се води секој ден, на секое поле. Оти слободата, без разлика во колкави количини да ја имаме, никогаш не е доволна.
Драги пријатели, ви благодарам на огромната поддршка која ми ја дадовте, тогаш кога најмногу ми требаше. Впрочем, вистинските пријатели се познаваат во маката. Им благодарам и на оние другите, кои не собраа храброст и сила да кажат макар еден збор на утеха, кои не успеаја да ги сокријат злобата и зависта која им се читаше во очите. За среќа, толку се малку и толку се минорни, што не се вредни ни името да им се спомене.
Како што рекле, секое зло за добро. Животот и борбата продолжуваат понатаму. Утре е нов ден…
