Во очекување на премиерата на „Пиреј“, во изведба на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, уште еден цитат од едно друго дело на големиот Петре М. Андреевски, „Тунел“:
„Ако мислиш и ти да бегаш – ми вели, никогаш да не се обѕрнуваш назад. Твоето свртување може да биде кобно – ми вели, зашто ќе дознаеш кој е тој што те брка. Ќе му го видиш лицето и можеш да се предадеш. Ќе застанеш и ќе се предадеш – вели. Затоа бегај се’ додека не се умори тој што те брка. Додека не те заборави. И додека ти не го заборавиш него“.
