Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

Ниту ќе простам, ниту ќе заборавам!
На денешен ден, пред точно 13 години, екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, на ваков начин го започна своето 12 годишно владеење – со отказно решение за неистомислениците.
Ми требаа цели три ипол години влечкање низ судниците, за да го побијам неговото идиотско и лажно образложение, дека отказното решение ми го напишал заради седумдневно неоправдано отсуство од работа. Откако судот пресуди во моја корист и му наложи да ме врати на работното место, тој… гореспоменатиот… ме распореди на работното место ХИГИЕНИЧАР!
Така режимот на Грујо ја разбираше и практикуваше “демократијата“.
Затоа, ниту ќе му простам, ниту ќе му заборавам, барем до моментот кога од Апелациониот суд во Битола ќе му стаса првата во низата пресуди, со која едно од најзлобните и најлицемерните суштества кои сум ги сретнал во мојот живот, а сум ги сретнал многу, ќе биде сместен во единственото место каде припаѓа – во ПРДЕКАНА!
Сѐ дотогаш, нема да има ни правда, ни мир.
Ниту за мене, ниту за него!

Фотографија на Зоран Милошески.

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот