Брзам пред полноќ да напишам статус. Оти утре е веќе друга приказна. Денеска Публикум прослави 2 години живот.
Дали се малку 2 години? Не што не се малку, туку во постојните услови на функционирање на македонското новинарство и со политиката на јавно објавување на критичката мисла од наша страна, тоа е речиси подвиг!
Дали можеше подобро? Секако, секогаш може подобро!
Дали ќе опстоиме? Повеќе од сигурно, по секоја цена!
Дали се каам за сите последици и непријатности кои на личен план ги доживеав заради функционирањето на Публикум? Воопшто не!
Бидејќи моето новинарско мото е мислата на доајенот на српското и балканското новинарство, Александар Тијаниќ:
„Кога човек веќе има “јајца“ да објави некој текст, мора да биде спремен да ги поднесе и последиците на своите зборови. Фигуративно, секој пат кога дигав перо на некој, дигав рака на самиот себе. Не беше едноставно, не беше безболно“.
За многу години годиншнината, наш Публикум!