Милошоски ѝ предложил на Јанкулоска, на кичевчанец да му подметнат дома еден куп лични карти, а таа само да прати екипи од МВР за да го апсат. Таа му одговорила:“индијанските работи се прават за време на молкот“.
Ова е само еден од прислушуваните разговори, кои денеска биле пуштени во судница за време на судењето за предметот „Титаник“, во кој се обвинети Груевски, Јанкуловска, Јанакиески, Илија Димоски, Едмонд Темелко и слична багра.
Не знам дали дел од овие разговори кои сведочат за односот на злосторничкото здружување кон граѓаните и државата, допреле до приврзаниците на “бојкотирам“. Ама затоа сум сигурен дека 11 годишното изживување со сопствениот народ, е повеќе од доволна причина во недела да гласам “ЗА“.
Меѓу другото, за никогаш повеќе да не се повтори таквото лудило.