„Бојкотирачите“ се закануваат дека во недела ќе ги фотографирале сите граѓани кои ќе излезат на референдум. Со цел барем малку да им ја олеснам работата, еве за нив една корисна информација:
Во недела, на 30 септември, јас и моето семејство ќе излеземе на референдум и ќе гласаме “ЗА“. Гласачкото право ќе го оствариме точно во 11.00 часот на гласачкото место број 1451, кое се наоѓа во Основниот суд во Прилеп. Изјава за кодошките и платенички екипи на Бачев и друштвото ќе дадам веднаш после чинот на гласање, само ги замолувам за точност!