Лидер на најголемата опозициска партија, не смее да си го дозволи “луксузот“ од дрвата да не ја гледа шумата. Не смее да не го гледа она што секој здраворазумен човек го знае и што неизбежно ќе се случи. Пред сите останати, лидерот треба да гледа 3 чекори напред, а не 3 децении назад. Со тоа што Мицкоски ја продал душата на ѓаволот и што решил да сади тикви со него, (не)свесно го презел ризикот да влезе во историјата не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку воопшто во историјата на македонското плуралистичко општество, како претседател на партија со најкраток век на траење. А тоа не е нешто со што би се гордеел интелектуалец и политичар со амбиции за високи дострели. Во секој случај, 30 септември е и неговиот “момент на вистината“.