На оние кои од собраниската говорница продаваат чесност, невиност и патриотизам, направете им истражување за потеклото на имотот па ќе видите како за еден ден ќе ја сменат лентата! Со политиканство и квазипатриотизмот, со фиктивни патни сметки и понизност пред лидерот, од сиромашни “манастирски глувци“ прераснаа во дебело нафатирани “угледни“ граѓани. Не глумете лудило, оти ве знаеме колку пари вредите. Доста работевте за сопствениот џеб, одработете еднаш за Македонија!