Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

Апасиев никако да излезе од филмот во кој влегол. Деклариран левичар, со однесување на екстремен националист. Сега ни порачува дека ако бил на местото на Хорхе, ќе ги активирал аболициите “за сите 50 криминалци“, со што ќе ја минирал работата на СЈО. Да бил на местото на Мицко, ќе ја радикализирал ситуацијата и ќе ја парализирал државата со 200.000 демонстранти пред Собрание! Ако пак бил Заев, ќе поднесел оставка и ќе се самоубиел!

Доктор Димитар Апасиев е доцент на правниот факултет при Универзитетот во Штип, на катедрата за граѓанско право. Изминативе два дена, ѝ се чудиме на умот на професорката Каракамишева, исто така доктор на науки, која за пусти пари јавно се бламира и нѐ убедува дека 2/3 од 120 биле 81.

Има и трет доктор на науки, исто така професор, Билјана Ванковска, која повеќе ни самата не знае што вика и за што се залага.

Муабетот ми е, кој доктор е надлежен за овие доктори?

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот