Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

Тоа што свеста на локалното раководство на СДСМ во Прилеп закочила во педесеттите години од минатиот век и што мислат дека внатрепартиските проблеми се решаваат со насилство, тортура и уцена врз сопственото членство, тоа е проблем со кој треба да се занимава централното раководство.

Тоа што некој си замислил дека новата власт треба да продолжи таму кај што претходната застанала, дека еден режим треба да биди заменет со друг режим а досегашните криминалци со нови, дека новинарите се гулаби за отстрел на квазидемократските типови и безвредните медиокритети, дека на заробената демократија треба да ѝ бидат ставени нови окови…тој гадно се зафркнал.

Граѓаните не го рушеа стариот режим за да го заменат со нов.

А1 телевизија не згасна за да критичката мисла се шепоти на уво.

Ако власта не може, не знае или не сака да се справи со вмровското наследство во сопствените редови, тогаш има кој знае и кој може.

НАТО, ЕУ, ОБСЕ…гледаат и постапуваат. Наградуваат и казнуваат. Брзо. Строго. Конкретно. Навремено. Го пропуштивме ли еднаш возот, нова шанса за скоро нема да има. Тогаш ни останува само еден пат – оној кој преку реката Стикс води до пеколот!

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот