Фестивал „Ристо Шишков“: Награда за севкупно уметничко остварување за „Семејни приказни“, претстава на прилепскиот театар

Фестивал „Ристо Шишков“: Награда за севкупно уметничко остварување за „Семејни приказни“, претстава на прилепскиот театар

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ од Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков “ во Струмица се врати со награда. На Фестивалот на кој учествуваше со претставата „Семејни приказни“, на прилепскиот театар му припадна наградата на НЕТА за севкупно уметничко остварување.

Во претставата која ја режираше Милош Б. Андоновски, играат актерите Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска-Клинческа и Димитар Црцороски. .

„Наградата е потврда за нашата посветеност во работата и доказ за квалитетот на ансамблот на нашиот театар“, вели актерката Јасмина Мицовска Станкоска

„Семејни приказни“ е претстава која преку играта на децата, го прикажува светот на возрасните. Дејството се случува на едно запуштено детско игралиште, каде што децата си играат семејство, а преку својата игра умешно ги прикажуваат деликатните семејни односи, но и длабоко вкоренетите патријархални вредности и нормализираното семејно насилство, создавајќи метафора за нефункционалноста на повеќе општествени сфери во деведесеттите години на минатиот век, во една руинирана балканска земја.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …