Филипче: Децата во Гевгелија не се позитивни на САРС-КОВ-2, ќе се испита за што се работи

Филипче: Децата во Гевгелија не се позитивни на САРС-КОВ-2, ќе се испита за што се работи

Тим од специјалисти денеска ќе испитува за каква респираторна инфекција се работи, откако Министерството за здравство информира дека изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале родители на 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината. Министерот за здравство Венко Филипче, во изјава пред малку кажа дека на ПЦР тестовите не е докажан САРС-КОВ-2 и дека ќе се испитува за што се работи.

– Зборував со директорот на болницата во Гевгелија, кој ми даде повеќе информации, за 20 деца кои доаѓаат во дневна болница. Затоа испративме тим од специјалисти, педијатар, докторка од пулмологија, како и кардиолог од Детската клиника да одат и да поразговараат со нивните колеги во болницата, зашто како што кажа директорот, малку е неспецифична таква слика и болести, нетипични за овој период во годината туку се типични за есенските месеци. На ПЦР тестовите не е докажано присуство на САРС-КОВ-2 вирусот, но мора да знаеме за што се работи. Ќе видиме дали ќе треба да се направат дополнителни брисеви. Ќе знаеме точно за што станува збор. Немам информација за ваква појава за друг град – рече министерот.

На новинарско прашање поврзано со рестриктивни мерки, тој кажа дека од заострување засега нема потреба бидејќи е прилично мирна ситуацијата.

– Во делот на вакцинацијата, тоа треба да биде фокусот, а не да живееме во рестрикции. Рестрикциите беа воведувани во времето кога немавме вакцини. РНК вирусот е таков, мутира, но тоа не значи дека треба да се затвораме и да имаме рестрикции. Тоа значи дека треба масовно да се вакцинираме, за да дочекаме било кој друг бран подготвени – потенцира министерот.

Денеска ќе стасаат 100.000 вакцини на Астра Зенека, кои се донација од Грција. Филипче кажа дека не се појавуваат сите што се пријавуваат за термин и дека тој процент се движи од 10 до 20 отсто.

Во мометов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само само две бебиња, поради возраста, а 20 деца се на терапија, но истите не се задржани во болница. Како што информираа во министерството, болницата во Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …