Филипче: Денеска 44 оздравени, 13 новозаболени и двајца починати од коронавирус

Филипче: Денеска 44 оздравени, 13 новозаболени и двајца починати од коронавирус

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти:

– Скопје 5

– Куманово 12

– Прилеп 9

– Велес 12

– Битола 2

– Кавадарци 1

– Крушево 1

– Неготино 2

Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1. Досега во земјата се направени вкупно 17.836 тестирања на КОВИД-19.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај, како сомнителен на КОВИД-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.539. Бројката на оздравени пациенти е 1.057, на починати 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …