Филипче: Граѓаните кои се вакцинираа во други земји ќе добијат дигитален сертификат во земјава

Филипче: Граѓаните кои се вакцинираа во други земји ќе добијат дигитален сертификат во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни дека македонските граѓани кои се вакцинирале против ковид-19 во други земји ќе можат да добијат дигитален сертификат за извршена вакцинација во земјава. Тој појасни дека потврдите за вакцинација имаат QR кодови, кои ќе бидат составен дел на апликацијата за мобилни телефони.

„Сѐ што треба граѓаните да направат е да се скенира QR кодот од сертификатот на вакцинација, кој го добиле од кое било место. Тој QR код ќе биде генериран и ќе биде видлив во апликацијата. Во апликацијата ќе бидат видливи и сите други QR кодови за ПЦР тестирања од следната недела понатаму. За време на викендот и почетокот на следната недела ќе се споделат технички податоци преку системот „Мој термин“ што треба акредитираните лаборатории да издадат како свој документ, за да на таа апликација може да има код кој ќе ги содржи податоците за вакцина или за секој следен ПЦР тест кој ќе биде направен, а ќе се генерира со тоа што ќе се внесе кодот во апликацијата“, изјави министерот Филипче.

Тој додаде дека засега нема дигитални читачи на граничните премини на кои ќе биде неопходно да бидат отчитани дигиталните пропусници, но доколку други земји го побараат тоа, македонските граѓани би биле подготвени на тоа со дигиталната пропусница.

„Да повторам, од хартиена форма, граѓаните ќе имаат ковид сертификат со QR код и од следната недела потврда за ПЦР тест. Ако се скенира кодот од двата документа, тој ќе биде достапен на апликацијата. Граѓаните ќе бидат спремни и со хартиена и со дигитална форма“, појасни Филипче.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …