Филипче: Идеалите на Гоце живеат – Македонија мора да остане слободна и праведна!

Филипче: Идеалите на Гоце живеат – Македонија мора да остане слободна и праведна!

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод 153-годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев

Денес го одбележуваме ликот и делото на нашиот најголем борец , револуционер и визионер, Гоце Делчев. Во неговата борба се вградени сите социјалдемократски вредности. Тој се борел за слободна Македонија, демократска во којашто се гарантирани индивидуалните слободи на луѓето и, секако, правдата. Неговите мудри мисли се актуелни и релевантни и денес. Tргнал во борба повикувајќи ги сите луѓе без разлика на нивната етничка, национална или политичка припадност, поради тоа што имале една цел, а тоа било слободна држава. Ние денес треба да продолжиме во тој манир, да ги надминеме разликите, кога станува збор за националните интереси и сите заедно да се бориме за уште попросперитетна и интегрирана во Европската Унија, Македонија.

Прочитајте повеќе

Правна бура по одлуката на Уставниот суд

Правна бура по одлуката на Уставниот суд

Линијата меѓу уставната контрола и судската независност се најде во фокусот на јавноста по потегот …