Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче
Вака изгледа секојдневието на СДСМ и мое лично. Вака се будиме, вака заспиваме, вака функционираме. Со ова се бориме секојдневно. Невистини, лаги, навреди, хајки, линч, навреди итн. Во ова се вложени милиони евра. Ова е нивното разоткривање.
Зошто власта го прави ова – за ДЕФОКУС од вистинските реални проблеми.
Кога започна да се зголемува интензитетот на нападите врз мене и врз СДСМ? Кога откривме дека постои договор „мигранти за пари“, кога почнавме да објавуваме „бомби“, 161 тендер за една фирма, 52 милиони евра преку општините, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра преку Пошта, сè за ортаците на Мицкоски. Кога кажавме дека недостига една милијарда евра, а сега, за жал, веќе недостигаат две милијарди, а јануари сè уште не е ни завршен.
Најжестокиот удар врз нас започна по нашата објава за Алфа ТВ и нивната поврзаност со цела мрежа што оди преку Белград, СНС, па до Будимпешта и Орбан. И тргнаа со сите сили врз нас.
Во Здруженијата на новинарите, гледавме последен зрак надеж дека ќе можат да се одбранат од притисоците на ВМРО и да застанат на страната на вистината. Се уште чекаме одговор за поднесените осум претставки за навреди од страна на Геровски. Тој ме споредува со убиец на деца, замислете убиец на 300 деца. И никој не реагира.
Погледнете ги овие токсични, ужасни наслови, тие зборови, тие изрази. Можете ли да замислите како ние се чувствуваме? Дали ние некогаш сме изјавиле, рекле или напишале нешто вакво? Не, никогаш.
Во дел од медиумите велат дека ние таргетираме? Кого? Оние што ова го пишуваат? Тие нам ни велат „Ве држиме на нишан!“ Кога некој застанал во одбрана на некого од нас? Не како политичари, туку како луѓе? Зар мислите дека ова што е напишано на овие насловни страници е човечки? „Глупави, будали, јадете, идиоти итн“. Ова не постои никаде, ама баш никаде!
Она што е важно граѓаните да го знаат, додека се објавува лажна вест, во позадина се одвива кражба. Додека ние се занимаваме со лажни вести, измислени афери Жан, кули итн, а притоа паралелно на тоа Мицкоски на средба во Давос преку посредничка компанија договара мигранти. Така тоа оди – кучињата си лаат, караванот си врви.
Вчера ја добивме и последната потврда дека сме единствена вистинска опозиција на политичката сцена во Македонија. Организирани напади врз нас преку контролирани медиуми и наши петтоколонаши беа доволни за да стане јасно дека со цела сила удривме во осиното гнездо. Сакаат да ја запрат единствената вистинска и конструктивна опозиција.
Бевме контруктивни за многу работи, за реформските закони, за закони за поголема минимална плата кои беа одбиени, за поголеми примања во приватниот сектор, кои исто така беа обиени, за намалување на цените на храната, исто така бевме одбиени, за намалување на цената на струјата,исто така владата не одби за се.
Бевме конструктивни во Собранието во однос на анкетната комисија за трагедијата во Кочани, која тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ ја преврте целосно и сега не се спроведува.
Бевме конструктивни и во однос на запирањето на проектот мигранти за пари. Понудивме Резолуција што сакавме заеднички да ја потпишеме и поднесеме во Собранието, за да ја обезбедиме безбедноста на граѓаните.
Бевме конструктивни и во однос на безбедносниот сообраќаен проект „Safe City“, започнат во време на владата на СДСМ, со цел да се усвојат механизми и да се води сметка за контролата на огромната количина на податоци кој овој систем ќе ја контролина. Никој од Владата нема слух за ова.
За крај на оваа прес конференција, сакам да ви кажам дека уште денес ќе се обратиме до Европската Унија, до нејзините институции, како и до сите меѓународни организации за заштита на слободата на говор и слобода на медиумите.
Ова нема да нè запре. Сега сме посилни, затоа што ова е јасен показател дека сме на вистинскиот пат, на патот на вистината и правдата. А правдата ќе победи!
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место