Филипче извади документи: Христовски нема 5 години искуство, со незаконско узурпирање на АНБ од партиски кадар го враќате ВМРО-МВРО

Филипче извади документи: Христовски нема 5 години искуство, со незаконско узурпирање на АНБ од партиски кадар го враќате ВМРО-МВРО

Со поставување на Бојан Христовски за директор на АНБ, власта ги прекршила општите правила за назначување на прв човек на една од клучните безбедносни институции во државата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Собрание на пратенички прашања извади документи со кои покажа дека Христовски не го исполнува главниот услов за да биде директор на АНБ, односно нема 5 години стаж на раководна позиција како што налага законот.

„Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување. Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување а тоа е 5 години стаж на раководни позиции, согласно законските услови. Ни тој услов не го исполнува вашиот партиски кадар.

Нели, господине Мицкоски, ветувавте поразличен начин на работа? Нели мерит систем некој најавувате? Вашето поимање за Мерит систем е по заслуга, ама во партија, оној кој најмногу заслужил кај лидерот на позиција. Оваа Власт прави груба и опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и го враќа ВМРО-МВРО со узурпирање на безбедносната служба“- рече Филипче на собраниската говорница.

Претседателот на СДСМ, Филипче истакна дека професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој побара Христовски да биде разрешен, да биде назначен нов директор на АНБ, а надлежните институции целосно да го истражат случајот и да има одговорност.

Прочитајте повеќе

Бугарите слават „победа“, Македонци се жалат на „неправда“

Бугарите слават „победа“, Македонци се жалат на „неправда“

Усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија предизвика лавина реакции во Скопје и во Софија. …