Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ, следува период на обединување и реформа

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ, следува период на обединување и реформа

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од досегашниот претседател Димитар Ковачевски.

Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ.

Филипче се заблагодари на честитките, како и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата.

Новоизбраниот претседател, Венко Филипче посочи дека следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.

  • Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок, рече Филипче.

Филипче убедливо победи на директните внатрепартиски избори со освоени над 9.000 гласа од членовите на партијата.  СДСМ е единствена партија во земјата со толку висок демократски капацитет којашто претседателот го бира на директни, непосредни внатрепартиски избори.

Прочитајте повеќе

Илон Маск, победник на изборите во САД

Илон Маск, победник на изборите во САД

Со многу пари и медиумско влијание го поддржа Доналд Трамп. Илон Маск, најбогатиот човек на …