Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби.

„Денес, на 8 Август, се сеќаваме и оддаваме почит на загинатите бранители кај Карпалак.

Пред 25 години овие млади луѓе ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска.

Се сеќаваме со почит. Им се поклонуваме со достоинство. Карпалак не смее да биде само датум во календарот.

Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се бранат со одговорност, а не со поделби.Иднината на Македонија се гради заеднички, без страв и без омраза. Вечна им слава. Почит кон нивните семејства”, истакна Филипче.

Прочитајте повеќе

Мицкоски Кочоска јавниот долг

СДСМ: Кочовска и Мицкоски незаконски го фингираат јавниот долг

Откако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јавно објави документ за ново планирано задолжување од 1,3 милијарди …