Филипче: Мицкоски е чувар на фотелјата на Груевски, вистинскиот газда на ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски е чувар на фотелјата на Груевски, вистинскиот газда на ДПМНЕ

  • Мицкоски е чувар на фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ, патот се чисти за вистинскиот газда – Груевски, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Фокус“.

Претседателот на СДСМ додаде дека целата стратегија на ВМРО, преку манипулации и засилена медиумска пропаганда, е насочена кон враќање на Груевски.

  • Ќе видат сами кога ќе почне целиот процес за укинување на пресудите и враќање на будимпештанскиот газда на ВМРО, посочи Филипче.

Во интервјуто, Филипче укажа дека ВМРО-ДПМНЕ затоа и го оцрнува СЈО, со цел ослободување и враќање на Груевски.

  • Сите овде се запознаени со сè што се случуваше, со тоа што се случува сега, па и со овој случај. ВМРО го оцрни комплетно СЈО со една цел – ослободување и враќање на Груевски, по падот на Орбан во Унгарија. Катица ја пуштија порано за да учествува во црната кампања против СДСМ и повторно да се дојде до поништување на пресудите за Груевски, потенцираше Филипче.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување на 24 Анализа, обвини дека владата не презела …