Филипче: На почетокот на јуни ќе пристигнат 500.000 вакцини „Синовак“ и 100.000 „Фајзер“ преку Ковакс механизмот

Филипче: На почетокот на јуни ќе пристигнат 500.000 вакцини „Синовак“ и 100.000 „Фајзер“ преку Ковакс механизмот

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека 500.000 кинески вакцини „Синовак“ се очекуваат да пристигнат на почетокот на јуни, како и 100.000 „Фајзер“ преку Ковакс. Во меѓувреме, секој понеделник ќе пристигнуваат по 10.000 вакцини „Фајзер“ како резултат на директниот договор помеѓу државата и компанијата.

Руските вакцини „Спутник V“ се очекуваат да пристигнат до крајот на месецот, но сè уште не е потврдено. Прашан дали протерувањето на рускиот дипломат од државата може да го одложи пристигнувањето на вакцините од Русија, Филипче рече дека не очекува такво нешто, бидејќи до сега процесот со набавка на руските вакцини не бил политизиран и имал коректен однос со рускиот амбасадор во државата.

Во однос на вакцинирањето на новинарите, министерот рече дека тоа би требало да се случи идната недела. Согласно планот за имунизација при крај е вакцинирањето на повозрасните над 70 години, чиј што процент на вакцинираност сега изнесува 43.

На новинарско прашање во врска со олабавување на рестриктивните мерки, Филипче потенцираше дека ако вака се движи епидемиолошката состојба, тогаш во јуни најверојатно ќе биде дозволено организација на свадби на отворено со 50 проценти на исполнетост на капацитетот на отворено. Исто така, Комисијата за заразни болести ќе го разгледува и барањето на угостителите да се дозволи и зголемување на бројот на гости на маси. Филипче смета дека е рано за укинување на мерките за носење на маска.

Министерот за здравство исто така информираше дека од следна недела Северна Македонија ќе издава „грин пас“ со „кју-ар“ код кој би содржиле ковид информации за граѓанинот, односно дали примил вакцина, информации за направен ПЦР тест, како и тест за антитела.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …