Филипче на Свети Трифун: Помалку пари, пониска цена, власта ги остави лозарите без поддршка

Филипче на Свети Трифун: Помалку пари, пониска цена, власта ги остави лозарите без поддршка

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Го честитам денешниот празник на лозарите, посакувам да биде успешна година, да има богат род.

За жал, сметам дека лозарите оваа година немаат добри вести во однос на тоа што значи поддршка од страна на владата за развој на овој сектор. Овој сектор земјоделството во мало го означува пристапот на оваа власт генерално во државата. Кражба, пљачка и незаинтересираност за луѓето.

Имено, откога ги фатија од Европа како крадат европски пари и ја суспендираа ИПАРД програмата, сега владата ја намалува и Програмата за субвенции во земјоделството во целост – од 140 на 100 милиони евра. Значи за цела третина помалку пари кај сите сектори во земјоделството, сточарството, лозарството, поледелството, овоштарството и нема да имаат овие земјоделци доволно поддршка од државата како што тоа го имаше во времето на владата на СДСМ.

Дополнително уште неколку трикови од страна на владата. Се зголемува прагот на земја која што треба да се обработува за да се стигне воопшто до субвенциите. Имено од 0,2 хектари, сега е 0,5 хектари. Значи тие кои што имаат 2 или 3 декари земја, повеќе нема ни да можат според измените во правилникот да стигнат до субвенциите.

Видовме како за неколку денари по килограм ја намалија откупната цена на грозјето, и тоа што дадовме предлог закон во Собранието за зголемување на откупната цена на грозјето, оваа власт не го прифати.

Дополнително, средните винарии имаат обврска да продадат, внимавајте, 30% од грозјето на најголемите една или две винарии, за да воопшто стигнат до парите кои им се потребни за субвенција. Сето ова оди во прилог на потребите на само една или две големи винарии.

Малите винарии, средните винарии, сите се намерно оштетени, намалени им се парите или воопшто нема да можат да ги земат што е една катастрофа за овој регион. Тука во близина и овде со сличен предизвик и голем проблем се сочуваат и тутунарите.

Намалена е субвенцијата на првата класа тутун од 100 на 80 денари. Ние стигнавме до 100 денари, во време на владата на СДСМ со 100% субвенционирана зелена нафта. Да потсетам дека сегашната власт ветуваше 160 денари и субвенција, еве сега се сведува на половина. Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните, за државата, посебно за овој сектор.

Прочитајте повеќе

рек битола ЕСМ

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола – уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола …