Филипче: Не е лесно, но чекор по чекор СДСМ ќе ги реши сите предизвици (Галерија)

Филипче: Не е лесно, но чекор по чекор СДСМ ќе ги реши сите предизвици (Галерија)

Во организација на ОО СДСМ Прилеп, а по повод Денот на народното востание 11 Октомври, денеска во манастирот „Св.Димитрија“ во с.Селце се одржа традиционалната манифестација „Празнувај  дружи се“, на која присуствуваше и претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Поздравувајќи ги присутните, претседателката на прилепските социлајдемократи, Петра Лукароска нагласи дека ОО СДСМ Прилеп го започна процесот на внатрепартиско консолидирање и преструктуирање. Во таа насока, во изминатите денови се одржаа работни состаноци за евидентирање кандидати за делегати на Конгрес и членови на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ, чии мандати ќе бидат верифицирани на општинската Конференција која ќе се одржи во вторник, 15-ти октомври.

Истовремено, потенцираше Лукароска, по повод Светскиот ден на учителот и Светската недела на детето се одржа трибината „Да градиме квалитетни генерации ученици“, како и настан по повод Денот на народното востание, насловен како „Разговор со востаниците“.

„Членовите на СДСМ се враќаат, и тоа е доказ дека луѓето ја препознаваат нашата посветеност“, истакна во своето обраќање претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Ние ќе ги решиме предизвиците, чекор по чекор. Не е лесно, но ќе ги решиме. Како претседател ветувам дека ќе ги изберам најдобрите луѓе – оние кои имаат поддршка од членовите, кои се подготвени да им служат на граѓаните, а не да се служат со нив. СДСМ ќе го врати гласот на членството. Секој член ќе има глас и влијание, затоа што СДСМ е партија на народот“, рече Филипче.

Во обраќањето, Филипче нагласи дека СДСМ нема да му дозволи на ВМРО-ДПМНЕ да ги држи државата и граѓаните во заложништво.

„Како што нашите предци на 11 Октомври се кренаа против угнетувањето, така и ние денес мора да се кренеме против оваа неспособна власт. Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да ја држи Македонија во заложништво со своите лажни ветувања.СДСМ ќе ја врати Македонија на вистинскиот пат. Ќе ја вратиме надежта, ќе ја вратиме иднината и ќе се избориме за секој граѓанин“, порача од денешниот граѓански собир во манастирот „Св.Димитрија“ во с.Селце, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Прочитајте повеќе

Алијансата за Албанците на Таравари оди во опозиција

Алијансата за Албанците на Таравари оди во опозиција

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, објави дека највисоките раководни органи вечерва донеле одлука …