Филипче: Не е патриотизам децата да ги осудиш на изолација и да им кажеш да јадат корења

Филипче: Не е патриотизам децата да ги осудиш на изолација и да им кажеш да јадат корења

Не е патриотизам децата да ги осудиш на изолација и да им кажеш да јадат корења, тоа е само едно големо лицемиерие, нагласи нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната прес- конференција. Филипче укажа дека политиките и пропагандата што ги водат ВМРО и Мицкоски во однос на евроинтегративниот процес на државата, се само лажен патриотизам, додека нивните функционери имаат бугарски пасоши.

„Ќе јадеме корења, Швајцарија не е во Европска Унија, Европа се распаѓа, Турција не е во Европската Унија и веќе неговата позната изјава ни милиметар нема да се поместиме. Додека пола Влада, пратеници, функционери на ВМРО имаат бугарски односно европски пасоши во џебовите, сите други во државата, нивните деца, треба да чекаат со децении и да јадат корења. Значи сите да јадат корења, а Владата, претставниците на власта со владиниот авион да одат на море. Дали е тоа патриотизам? Не, тоа е само едно големо лицемерие“, рече Филипче.

Притоа, Филипче додаде дека зад кампањите на ВМРО не е заштитата на македонскиот идентитет, туку обид за заштита на нивниот криминал.

„Тие кампањи преку ботови, скапо платени наративи и агенда практично копирана на нашиот северен сосед е да се спречи внесувањето на малцинствата во Уставот, а со тоа практично целосно да запре европскиот пат на земјава, и не затоа што е загрозен македонскиот идентитет, туку заради тоа што е загрозена нивната криминална власт“, рече Филипче.

Воедно, Филипче укажа дека во моментов пред државата е историска шанса која со децении ја чекаме, доколку се пропушти вратата на ЕУ ќе се затвори.

„Ако ја пропуштиме ќе помине моментумот и ќе се затвори оваа врата која што ја отвара Европската Унија. Ќе останеме надвор од Европската Унија, слепо црево на Балканот во Европа, уште кој знае колку години и децении надвор. А гледаме дека со најавата и изјавата на Христијан Мицкоски дека нема да се поместиме ни чекор и дека сме спремни да чекаме со децении, тој таа изјава ја кажува со некакво чудно задоволство, а таа цена сите нас ќе не чини прескапо. Затоа сме толку гласни и толку настојуваме со ова многу важно прашање за државата, затоа што суштината на политиката е да се обезбеди подобар живот на граѓаните во земјата и подобра и посигурна иднина на државата“, рече Филипче.