Филипче- Нема дополнителни рестриктивни мерки за новогодишните празници

Филипче- Нема дополнителни рестриктивни мерки за новогодишните празници

Не се планираат рестриктивни мерки за празниците, а дел од ковид центрите и целата интерна клиника се враќаат во нормала, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој моменталаната епидемиолошка состојба со коронавирусот во државата ја оцени како мирна.

Според него сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа, како што рече, такви собири на јавни места има насекаде. Практично, вели тој, кулминација ќе се достигне за време на новогодишните празници и после сето тоа ќе се намали.

Во однос на процесот на вакцинација против ковид-19 Филипче смета дека е достигнат висок процент но и дека интересот е намален.

„Сметам дека опфатот кој што според новиот попис веројатно негде помеѓу 50, па дури и 55 проценти ако се исклучат децата, сепак е висок, прилично висок процент. Жал ми е што спласна интересот и нема да достигнеме за кратко време 70 или 80 проценти опфат,“ изјави Филипче.

Министерот посочи дека поради овој опфат на вакцинација веќе подолг временски периодво земјава се бележи намалување на бројот на случаите.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП

Најпрво причина за доцнењето на шесте нови еко-автобуси беше згрешен број на шасија, а сега …